Свештеник бил разрешен од Ватикан оти признал дека е геј
Ватикан разреши полски свештеник, откако јавно ја соопштил својата сексуална ориентација. Свештеникот јавно кажал дека е хомосексуалец, на големиот собир на епископи од целиот свет на кој се разговараше за ставот на црквата кон геј заедницата.
Монсињор Криштоф Карамза е сменет во Конгрегацијата на доктрината на верата, каде работел од 2003 година.
Карамса на прес конференцијата во Рим изјави дека донел одлука да зборува отворено против „лицемерието и паранојата која го обликува ставот на црквата за сексуалните малцинства. "
„ Време е црквата да ги отвори своите очи во врска со католиците хомосексуалци и да увиди дека решението што им го нуди - целосна апстиненција од животот во љубовта - е нехумаа"- рекол свештеникот.
Од Ватикан пак, велат дека неговиот отказ нема врска со неговиот личен живот, туку тоа било поради неговото интервју кое било „сериозен и неодговорен чин".
„ Одлуката да даде ваква изјава воочи големиот синод се чини многу несериозна и неодговорна. Сметам дека изјавата на монсињор Карамза ќе ги стави учесниците на синодот под голем притисок, имајќи ја предвид неговата тематика" - рекол потпаролот на Ватикан, Федерико Ломбарди.
Според учењето на Католичката црква, хомосексуалноста не е грев, но хомосексуалниот чин е грев.
