Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сведоци на масакрот во Париз: Мислевме дека нападот е дел од концертното шоу!

Сведоци на масакрот во Париз: Мислевме дека нападот е дел од концертното шоу!

Гледачите на концертот во парискиот клуб Bataclan првично помислиле дека терористичкиот напад е дел од претставата, раскажуваат очевидци на трагедијата.

Во петокот вечерта во клуб Bataclan американската група Eagles of Death Metal имала концерт.

Новинарот од радио Europe 1 Џулиен Пирс раскажува за Reuters дека се свртел и видел еден од напаѓачите, кој имал брада: „Во почетокот мислевме дека тоа е дел од шоуто - пиротехника или нешто слично. Но потоа се свртев и видов дека има автомат, а од него излегува оган. И тогаш сфатив дека тоа не е шега.“

Друг сведок, девојка, која присуствуваала на концертот споделува: "Дојдов во Bataclan со мои пријатели. Бевме во салата, кога слушнавме гласна бучава. Првично мислевме дека тоа е дел од претставата. Потоа се свртевме и видовме дека тоа се вооружени луѓе - терористи. Видовме како луѓето паѓаат, безживотни тела. Веднаш легнавме на земјата и терористите ни рекоа да останеме така. Час и половина лежев на земјата до труповите, некои умираа во агонија, другите плачеа. Луѓето паѓаа како домино ... "

128 до моментов се жртвите на крвавите терористички напади во Париз, тоа го соопштија официјално од Елисејската палата.

Во меѓувреме, францускиот претседател Франсоа Оланд свика совет за одбрана во 9 часот по локално европско време.

Над 200 се повредени по нападите, 80 од нив се во критична состојба.

8 од атентаторите се мртви - 7 се самоубија, а еден е убиен. Бројот на жртвите по неофицијални информации може да достигне 150.

Францускиот претседател прогласи вонредна состојба на територијата на целата земја. Градот е целосно блокиран, властите ги советуваат парижаните да не излегуваат освен ако не е неопходно.

Слично

Поврзани вести