Економија, финансии, бизнис

Контакт

СВЕДОШТВО: Земјотресот отвори пукнатини во ѕидовите

СВЕДОШТВО: Земјотресот отвори пукнатини во ѕидовите

Надежда Ванкова од Бугарија која од 13 години живее во Асколи Печете раскажува за  земјотресот што утрово ја потресе централна Италија.

Градот е на околу 40 километри од епицентарот. Таа вели дека било страшно и дека имало неколку потреси по ред.

„Потресот беше толку силен што отвори пукнатини во ѕидовите, паѓаа слики и мебел. Едвај успеавме да излеземе надвор. Изведов надвор 85-годишна старица, за која се грижам. Главата на жената беше во крв, откако ја удри во еден од ѕидовите. Имам пријатели кои живеат во близина на болницата и велат дека од ноќеска постојано летаат амбулантни возила, приземјуваат и полетуваат хеликоптери“ - вели таа.

Веднаш се слушнала со роднините и блиските за да се уверат дека се добро.

Потресот со интензитет од 6,2 степени по Рихтер со епицентар на 170 километри од главниот град Рим, е регистриран во 4.36 часот по македонско време. Најсилно погодени се Акумоли и Аматриче. Пријавени се за над 20 жртви, а стотици се исчезнати.

Потресот е споредлив со оној од 6 април 2009 година во градот Аквила, во кој загинаа над 300 луѓе, но веројатно нема да биде толку смртоносен, бидејќи епицентарот му е во слабо населена зона.

Слично

Поврзани вести