Економија, финансии, бизнис

Контакт

СВЕДОШТВО ОД МИНХЕН: „Седев пиев пиво-бам, бам, бам-дали си нормален?

СВЕДОШТВО ОД МИНХЕН: „Седев пиев пиво-бам, бам, бам-дали си нормален?
Германски Билд направи интервју со Томас Селби, човекот кој го снимил напаѓачот од Минхен на кровот на паркингот во близина на Трговскиот центар Олимпија. „Пиев пиво после работа и слушнав пукање. Прво во Мекдоналдс-бам, бам, бам, така звучеше. Тогаш луѓето почнаа да трчат од шопинг центарот, тоа е точно пред нашата куќа. Прво помислив дека се слуша калашников“, наведува Селби. Како што раскажува, потоа од терасата погледнал долу и видел маж кој поминува низ стаклото кај влезот во трговскиот центар. „Го репетираше пиштолот, го гаѓав со флаша. Падна на кров, но мислам дека не слушна“, истакнува тој. Тогаш, како што наведува, му викнал „кретену“ и „дали ти си нормален“ кога се појавил на кровот на паркингот, а напаѓачот  му одговорил: „Јас сум Германец“. Селби тука истакнува дека напаѓачот од Минхен кој уби девет лица и потоа си пресуди самиот, куршум испукал и кон негов правец, а за тоа сведоци му се дупките од куршум на неговата тераса. „Се фрлив на безбедно веднаш, но видов како мирно шета по кровот“, вели Селби. Според неговите зборови кога полицијата стигнала не знаеле каде е напаѓачот. „Им викнав дека е на кровот на паркингот. Не се исплашив. Не знаев дали куршумите се вистински или гумени“, наведува 57-годишниот Томас. Полицијата на Минхен соопшти дека во пукањето во ТЦ Олимпија загинале десет лица, а се повредени 27, како и дека напаѓачот не е поврзан со ИСИС. ТУКА може да го видите сведоштвото, односно она што го раскажа Томас. [embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/keksec__org/status/756579841072390145?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]  
Слично

Поврзани вести