СВЕДОШТВО ОД ДУБАИ: Фотограф го преживеа пожарот, висејќи од 48-ми кат
Во вчерашниот голем пожар, што го зафати луксузниот хотел ви Дубаи, загина најмалку едно лице, а уште петнаесет се повредени. Меѓу гостите кои ја преживеале оваа драма, бил и еден фотограф, кој за Си-Ен-Ен раскажал низ што поминал за новогодишната ноќ.
Непосредно пред да избие пожарот, фотографот стоел на балконот за да може да го фотографира новогодишниот огномет. Потоа избил големиот пожар, кој за само неколку минути „голтнал“ дваесетина спратови од хотелот. Од страв дека може да се задуши, фотографот решил да се обиде да се спаси така што се врзал со јаже за платформата за чистење на прозорците – и останал да виси од балконот на хотелот.
Тој одмотал 30 метри од цврстиот кабел од направата која ја користат чистачите на прозорци, го прицврстил за својот ремен и се префрлил преку работ.
Така се држел за работ на балконот од 48-от кат, а во главата му минувала една мисла: „Уште само еден час и тоа е тоа, мртов сум“, раскажал фотографот.
На крајот пристигнале пожарникарските екипи, а фотографот кога ги видел дека се на неговиот спрат, почнал да трипа по аломиниумот за да им го привлече вниманието.
„Никогаш нема да го заборавам ова“, вели фотографот, кој покрај несреќата изјави дека и се радува на новата 2016 година.
Инаку, хотелот „Адрес даунтаун Дубаи“, вчеравечер беше зафатен од пожар, неколку часа пред големиот новогодишен огномет.
Облакодерот има 63 ката, а во огнените јазици беа уништени најмалку дваесет. [embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=vfPZsj12WX4[/embed]

