СВЕДОШТВО: Браќата исламисти му порачале на случаен минувач: „Господине, ние не убиваме цивили“
Еден трговец раскажал за медиумите дека налетал на браќата исламисти Саид и Шериф Куаши и рекол дека тие му се обратиле и му рекле дека нивната цел не е убивање цивили, по што го пуштиле.
Тој рекол дека ги сретнал терористите и дека ги поздравил. Според неговите зборови тие му одговориле – „Господине ние не убиваме цивили“.
„Браќата Саид и Шериф, кои се осомничени за терористичкиот напад на магазинот „Шарли Ебдо“ сакаат да умрат како маченици“, тврди пратеник на градските власти во Дамартин ен Гоел.
Тој во изјава за медиумите рекол дека двајцата осомничени изјавиле дека сакаат да умрат како маченици.
Браќата Куаши во моментов се наоѓаат во една печатница во Дамартин ен Гоал, каде според полициските информации држат еден заложник.
Слично
