Економија, финансии, бизнис

Контакт

СВЕДОЧЕЊЕ ЗА НАПАДОТ ВО ЛОНДОН: Луѓе лежеа насекаде околу мене

СВЕДОЧЕЊЕ ЗА НАПАДОТ ВО ЛОНДОН: Луѓе лежеа насекаде околу мене

Едно лице загина, а најмалку 10 се повредени откако комбе влета во верници кои излегуваа од џамија. 

Едно лице е уапсено. Сведоците кажуваат дека комбето директно се движело кон луѓето. 

„Бев шокиран, шокиран и шокиран. Луѓето лежеа насекаде околу мене. Му благодарам на Бог што се тргнав на страна. Самиот се тргнав. Сите други беа повредени“ - вели сведок. 

Тој додава дека луѓето врескале и биле исплашени. 

„Сите викаа „Комбето удри во луѓето“ - објаснува очевидецот на немилиот настан. 

Полицијата соопшти дека имало еден напаѓач, а луѓето тврдат дека биле тројца. 

Премиерката Тереза Меј рече дека ова е потенцијален терористички напад. 

Слично

Поврзани вести