Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сваровски не престанува со отказите за своите вработени

Сваровски не престанува со отказите за своите вработени
И оваа година австрискиот концерн Сваровски со седиште во Ватенс  ќе го намалува бројот на вработените. Уште во текот на пролетта за 30 отсто ќе се намали бројот на работниците во областа на брусењето, тврди австрискиот весник Тиролер тагесцајтунг. -Уште во текот на пролетта треба да бидат отпуштени 20 работници, а дополнителни 10 работни места ќе се намалат со природно заминување, како што се пензиите, изјави шефот на работничкиот совет Ернст Даберт. Овој чекор е дел од пакет мерките за штедење, кои според актуелниот план за буџетот за тековната година, во производството се предвидува намалување од вкупно 150 работни места, истакнува Даберто.
Слично

Поврзани вести