СВАДБА НА ВЕКОТ: БЕРЛУСКОНИ СЕ ОЖЕНИ СО ПОЛИТИЧАРКА КОЈА МОЖЕ ДА МУ БИДЕ ВНУКА - до олтарот ја доведе таткото 20 години помлад од младоженецот
Силвио Берлускони и вети вечна љубов на Марта Фасино, политичарка која е 54 години помлада од него.
Легендарниот претседател на Милан и премиерот на Италија се венчаа на свадба која немаше правен момент бидејќи ништо не беше потпишано, но сите останати елементи беа тоа. Невестата до олтарот ја донел нејзиниот татко, кој е 20 години помлад од младоженецот.

Марта блесна во раскошната венчаница на позната дизајнерка. Следуваше завет преку зборови на вечна љубов, а целиот чин го следеа 60 гости.
„Марта, чувствувам голема љубов кон тебе. Тоа е нешто што сè уште не сум го доживеал и за мене ти си незаменлива. Беше со мене во тешки времиња, ми помогна. Ме надополнуваш, не би можел без тебе. Ми го исполнуваш животот“, рече во заветите поранешниот премиер.
Марта и Силвио се во врска од 2020 година. Тогаш Берлускони ја остави Франческа Пасквал (34), бидејќи се заљубил во Марта. Нив ги обедини истата политичка идеја, но и фудбалот. Фасино работеше во Милано, клуб каде Силвио беше „бог и батина“.
Ќе додадеме, богатството на Берлускони се проценува на седум милијарди долари. А имаше и некои дамки во кариерата, како афери со проститутки, обвинувања за секс со малолетнички ...
Извор и фото: Курир.рс
