СУСПЕНЗИЈА НА ШЕНГЕН: Повеќе европски држави ги затвораат границите
Вкупно седум земји-членки на Европската унија воведоа гранична контрола во рамки на Шенген зоната. Ова го потврди денеска портпаролот на Еврокомисијата, Наташа Берто.
До сега, Шведска, Данска и Норвешка вовеле надзор на границите, а слични мерки на гранична контрола презеле и Австрија, Франција, Германија и Малта.
Седумте земји-членки донеле одлука за суспензија на Шенгенскиот договор за слободно движење на луѓе во рамките на ЕУ до февруари годинава.
Надзорот над границите е воведен поради „ситуацијата со мигрантите која излегла од контрола”.
Се воведе контрола на пасошите и проверка на идентитетот на лицата што ја проаѓаат границата.
Одлуките за суспензија на Шенгенскиот договор во седум земји и можното слично решение на Словенија, според италијанските медиуми, предизвикува загриженост на Владата во Рим, бидејќи во таков случај имигрантите и бегалците кои ќе стигнат во Италија би можеле да останат на нејзина територија.
