СУСПЕНЗИЈА НА ШЕНГЕН: Европа планира да ги затвори границите на 2 години
Поради мигрантската криза, Европската Унија планира суспензија на Шенген зоната во период од две години, пренесе „Financial times.”.
Министрите на ЕУ утре ќе разговараат за донесување строги мерки за контрола на приливот на мигранти, како и за можноста за активирање на „членот 26”, со кој ќе се ограничи слободното движење низ границите.
„Тоа значи дека привремената контрола на границите, воведена ова лето, меѓу земји како Германија и Австрија, ќе стане долготрајна мерка, која ќе го ограничи движењето“, наведува Financial times.
Европската Унија претходно ја предупреди Грција за исклучување од Шенген зоната и апелираше државата да најде начин да се справи со мигрантите на нејзината граница.
Слично
