Суспензија доби новинарот кој повика дека треба да се палат украински деца
Суспензија доби програмскиот директор на РТ и водител Антон Красовски, кој минатата недела повика да се палат и дават украински деца. Неговите изјави, за кои тој подоцна се извини, наидоа на остри критики во светот.
Красовски во студиото разговараше со рускиот писател на научна фантастика Сергеј Лукјаненко, кој рече дека во 1980 година, во во западна Украина слушнал деца како велат дека Украина е „окупирана од московјаните“. Красовски на тоа возврати дека тие деца треба да се удават.
Тој исто така се шегуваше дека руски војници силуваат украински баби. Уредничката на „РТ“, Маргарита Симонјан, ги осуди неговите коментари како „луди“ и „одвратни“.
Фото: РФЕ/РЛ / RFE/RL
Слично
