СУША ВО ШПАНИЈА: Властите ги апсат сопствениците на диви бунари
Поради големата суша, властите во Шпанија ги апсат сопствениците на диви бунари.
Шпанската Цивилна гарда денеска објави дека уапсила 26 лица во рации на нелегални бунари во Андалузија.
Единицата за криминал во областа на животната средина на Цивилната гарда соопшти дека идентификувала 250 прекршоци од земјоделци кои одгледуваат овошје, а изградиле нелегални бунари и бушотини во областа Ахаркија, источно од крајбрежниот град Малага. Причинетата штета на водоводната инфраструктура се проценува на 10 милиони евра. Минатиот месец беше најсушниот април досега во Шпанија. Сега 27 отсто од територијата на Шпанија е или во вонредна состојба за суша или во состојба на предупредување дека претстои суша. Шпанската Влада се залага за уште построги правила за користење на водата во Андалузија. Ќе страда производството на маслиново масло, овошје и зеленчук. Лани и во Франција и Италија имаше големи суши.
