„СУРОВО И ПОДЛО“- ИЗРАЕЛСКИ ИНФЛУЕНСЕР ГИ ИСМЕЈУВАШЕ ПАЛЕСТИНЦИТЕ: Пушташе вода, вклучуваше сијалица и телевизор, додека тие немаат струја
Израелскиот инфлуенсер Матанел Лајани неодамна објави видео во кое ги исмева Палестинците дека немаат вода и струја.
Во контроверзното видео, кое набрзо го избриша, инфлуенсерот направи низа ситуации кои бараат користење на вода или струја, како гледање телевизија, палење светла, пиење вода, а во описот на видеото стави „ова е само почеток“.
Со оглед на бројните негативни реакции што ги доби видеото, тој веднаш избриша се, а неговиот Инстаграм профил моментално е заклучен.
„Војните го откриваат вистинското однесување на луѓето“, „Тие уживаат да го покажат она што го имаат, но длабоко во нивните срца и соништа, стравот врие“, „Ова е непочитување, подло и зло“, „Сурово“, „Како можеш да наречеш си маж и после да го направиш ова“, „Го чека пекол“, „Ова е над сурово“, беа само дел од коментарите.
Да потсетиме, израелскиот министер за одбрана нареди целосна опсада на Газа, која вклучува прекин на снабдувањето со електрична енергија, вода, храна и гориво.
Видеото може да го погледнете тука.
