Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сурова реалност: Во овој град живеат собирајќи и препродавајќи ѓубре од милијардерите

Сурова реалност: Во овој град живеат собирајќи и препродавајќи ѓубре од милијардерите

Џејк Орта, педесет и шест годишен ветеран, денес за живот заработува копајќи по ѓубрето на неговите соседи милијардери во Сан Франциско.

Орта по повеќе од 12 години служење во американската војска останал бездомник.

Правосмукалка, фен за коса и апарат за кафе, сите во исправна состојба, како и облека, се само некои од примерите на неговиот неодамнешен улов од кантата за ѓубре на шефот на Фејсбук Марк Закерберг, во текот на кој го следел новинарот на Њујорк Тајмс, пренесува Novac.hr.

Орта, кој денес живее во државни социјални станови, како собирач на отпад во целосно работно време, е дел од црната економија на Сан Франциско создадена од луѓето кои работат на улиците на мултимилионските, елитни квартали, барајќи низ кантите за ѓубре работи кои може да ги препродадат.

Собирачите на отпадот го обележале американскиот капитализам, пишува Њујорк тајмс, и се разгледница на секојдневниот живот во Сан Франциско во кој еден од најбогатите луѓе на светот и личност која го собира неговото ѓубре, живеат само неколку чекори оддалечени еден од друг.

-Мене едноставно ме фасцинира тоа што го фрлаат луѓето. Никогаш не знаеш што можеш да пронајдеш- му раскажува Орта на репортерот кој го следи во една од неговите ноќни прошетки во кои нашол пар неносени дизајнерски панталони, нова црна јакна, сиви најк патики за трчање и пумпа за велосипедски гуми.

Неговата цел, раскажува понатаму, е со препродажба да заработи дневно помеѓу 30 и 40 долари, што на неделна база би го донеле до буџет за преживување од околу 300 долари.

Сепак , омилената работа која ја пронашол во ѓубре, Орта никогаш не ја продал. Се работи за колекција на весници од цел свет од времето на Втората светска војна.

Инаку, собирањето на отпад од канта е илегално во Калифорнија, бидејќи според тамошните закони содржи канта за ѓубре, еднаш кога тие се ставени на улица, им припаѓаат на компаниите за одземање на ѓубре. Меѓутоа, во пракса тој закон ретко се применува.


Foto: Gettyimages

Слично

Поврзани вести