Султанот од Брунеи демантира дека ќе ги купи хотелите на Субрата Рој
Султанот од Брунеи, Хасанл Болкијах, преку својот портпарол денеска ги демантираше информациите што вчера ги објавија светските медиуми дека тој е заинтересиран купувач на трите луксузни хотели од индискиот бизнисмен Субрата Рој.
Извори вклучени во преговорите за продажба на хотелите вчера за највлијателните светски медиуми брифираа дека султанот понудил 2,2 милијарди долари за њујоршките хотели „Плаза“ и „Дрим хотел“, како и за лондонскиот „Гросвенор Хаус“. Парите од продажбата требаше да ја покријат кауцијата за индискиот бизнисмен Рој да излезе од затвор.
„Ниту Неговото Височество, ниту Инвестициската агенција на Брунеи, ниту Владата на Брунеи не се на каков било начин вклучени во купувањето на овие хотели во Лондон и Њујорк“, одговорил портпарол во името на моќниот, но контроверзен султан.
Хасан Болијах, кој веќе го поседува Беверли Хилс хотелот се соочува со бојкот и критики од невладини организации и здруженија за заштита на правата на хомосексуалците заради неговата одлука на Брунеи да го воведе шеријатското право, кое вклучува каменување за прељубниците и хомосексуалците.
Субрата Рој се надева со продажба на трите хотели да собере најмалку 1,6 милијарди долари, колку што мус е потребни за кауција за да излезе од затвор. Неговите адвокати пред индискиот суд изјавија дека преговорите за продажба на хотелите се во завршна фаза и побараа дополнителни 15 дена за да ја финализираат зделката.
Слично
