Судот во САД го осуди со 965 милиони долари најпознатиот теоретичар на заговори
Судот во сојузната држава Конектикат му изрече казна од 965 милиони долари на американскиот десничар и теоретичар на заговор Алекс Џонс поради тврдењето дека масакрот во училиштето во Конектикат не се случил.
Џонс со години тврди дека масакрот во Сенди Хук од 14 декември 2012 година, во кој беа убиени 20 деца, бил организиран како дел од владиниот заговор да им го одземе оружјето на Американците.
Тој за време на судењето призна дека пукањето се случило, но одби да им се извини на семејствата на жртвите, пренесе Ројтерс.
Џонс рече дека ќе поднесе жалба на пресудата, додавајќи дека „се бори против Голијат“. Тринеделното судење го одбележаа емотивното сведочење на голем број родители на повредените деца.
На пресудата на судот во Конектикат и претходеше судење во Тексас во кое поротата одлучи дека Џонс и компанијата што ја води треба да платат 49,3 милиони долари на родителите на загинатите во пукањето во Сенди Хук.
