Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судот пак го одби барањето на Субрата Рој – тој останува во затвор!

Судот пак го одби барањето на Субрата Рој – тој останува во затвор!
Индискиот бизнисмен Субрата Рој ќе остане во затворот Тихар уште најмалку до 25 март, откако Врховниот суд денеска го одби неговото барање да биде ослободен со кауција. Судиите се решени да го држат Рој во затвор додека тој не понуди прифатлив план за обесштетување на ситните инвеститори во неговата фирма, а следното рочиште во судскиот процес против него е презакажано за 25 март откако денеска беше утврдено дека индискиот бизнисмен нема конкретен предлог да понуди. Во жалбата поднесена од адвокатите на групацијата „Сахара“ се тврди дека „Рој се држи во затвор противуставно, затоа што тој не е осуден ниту му била досудена некаква затворска казна што треба да ја издржува“. Претходно Рој предложи да исплати мал дел од сумата од речиси 4 милиони евра која ја побаруваат инвеститорите, а остатокот да го отплаќа на 3-месечни рати до јули 2015 година, но судиите ваквиот предлог го отфрлија како „навредлив и неприфатлив“. Американските медиуми најавуваат дека луксузниот хотел „Плаза“ во Њујорк може да биде еден од првите имоти од кои ќе мора да се откаже индискиот бизнисмен за да пронајде пари. Субрата Рој го продава највредниот имот - њујоршкиот хотел „Плаза“?
Слично

Поврзани вести