Судот одлучи Пакистанка да биде обесена поради карикатури на пророкот Мухамед
Пакистанката Анека Атик (26) e осудена на смрт поради „богохулен“ статус на WhatsApp.
Пакистанскиот суд ја осуди на смрт, прогласувајќи ја за виновна поради објавување на „богохулен“ статус – карикатури на пророкот Мухамед – на WhatsApp и испраќање на оваа порака до пријател. Судот одлучи жената да биде обесена и да плати казна од 200.000 пакистански рупии (1.137 долари).
Девојката беше уапсена во мај 2020 година, откако пријател ја обвини дека испратила „богохулни“ карикатури на пророкот и „непристојни“ забелешки за „свети личности“. На овој начин, таа „свесно и намерно ги сквернавела светите праведни лица и ги навредувала верските убедувања на муслиманите“.
Слично
