Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судот нареди психијатриска евалуација за Русинка која ја критикувала војната во Украина

Судот нареди психијатриска евалуација за Русинка која ја критикувала војната во Украина

Русинка заврши на психијатрија откако пишуваше против војната на социјалните мрежи.

Судот нареди психијатриска евалуација на активистка на која ѝ се суди за објави на социјалните мрежи во кои ја критикувала руската инвазија на Украина, пишува Sky News.

Адвокатот на активистката Раиса Болдова за Радио Слободна Европа (RFE) изјави дека одлуката на судот во Башкортостан, која е донесена денеска, ги крши човековите права. 

RFE известува дека полицијата почнала да ја истражува Болдова  оваа година, откако таа објавила критики за руската инвазија на Украина.

Болдова е обвинета за „ширење лажни вести“ за руската армија, за што ѝ се заканува затворска казна. 

Русија од почетокот на инвазијата донесе нови закони кои и дозволуваат да ги осуди сите јавни противници на руската инвазија на Украина.

Месецов познатиот руски дисидент Илја Јашин го осудија на 8,5 години затвор поради објавување видео на YouTube за руските воени злосторства во украинскиот град Буча во близина на Киев.

Слично

Поврзани вести