Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судот му ги стопираше царините на Трамп: Незаконски биле давачките од 10 проценти

Судот му ги стопираше царините на Трамп: Незаконски биле давачките од 10 проценти

Американски федерален трговски суд ги прогласи за незаконски царините од 10 проценти што претседателот Доналд Трамп ги воведе во февруари, оценувајќи дека Белата куќа неправилно се повикала на закон од 1974 година.

Одлуката е нов сериозен удар за обидите на Трамп еднострано да воведува трговски давачки, без поголема улога на Конгресот. Судот утврдил дека администрацијата не докажала дека постојат законски услови за активирање на спорниот механизам, кој дозволува краткорочни царини само во случаи на сериозни проблеми со меѓународните плаќања.

Пресудата засега важи за дел од тужителите, меѓу кои се мали бизниси и државата Вашингтон, а администрацијата може да поднесе жалба. Според американски бизнис-организации, само во март од овие царини биле наплатени околу осум милијарди долари.

Трамп ја нападна одлуката и ги обвини судиите дека се политички мотивирани, најавувајќи дека неговата администрација ќе бара друг начин за спроведување на царинската политика.

Слично

Поврзани вести