Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судот ја запре Меј за Брегзит, Фунтата во пад, Teреза не попушта-мора излез од ЕУ !

Судот ја запре Меј за Брегзит, Фунтата во пад, Teреза не попушта-мора излез од ЕУ !

Врховниот суд на Велика Британија излезе со решение, дека парламентот на Островот не може да ја стартува процедурата за излегување од Европскиот сојуз пред одборување за тоа да даде парламентот.

Tоа значи дека премиерката Тереза Меј ќе треба да добие решение од пратениците, за да го активира член 50 од Договорот за излез од ЕУ, со кој фактички почнува процедурата за Брегзит. Дури потоа ќе може да започнат и преговорите со останатите европски членки, пишува БиБиСи.

Одлуката на Врховниот суд во Велика Британија ја урна фунтата. Таа изгуби 0,5% од вредноста до 1,2472 за стандардниот долар.

Во исто време основниот индекс на берзата во Лондон FТЅЕ 100 порасна. Во него влегуваат многу компании , кои генерираат огромни приходи во странство. Тоа е и причината тој да се згoлемува, кога фунатата паѓа.

Владата ќе работи против одлуката на судот

„Бротанците гласаа за излез од ЕУ и владата таа нивна одлука ќе ја спроведе активирајќи го член 50 како што е планирано до крајот на март. Денешната одлука тука ништо не менува“, рекол портпаролто на Тереза Меј.

Тој напоменал дека Владата ја почитува одлуката на Врховниот суд и дека набрзо парламентот ќе ги соопшти своите идни чекори.

Истовремено британскиот јавен обвинител, Џереми Рајт соопштил дека владата на Британија ќе ја примени одлуката на бртанскиот суд да премиерката Меј мора да добие одобрение од парламентот пред да покрене формална процедура за излез на земјата од ЕУ.

„Секако , владата е разочарана од исходот, но ќе ја прифати одлуката на судот и ќе направи се што  потребно за да ја примени“; рекол Рајт пред Врховниот суд.

Слично

Поврзани вести