Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судири во источна Украина, има и жртви

Судири во источна Украина, има и жртви

Украина информира дека 7 нивни војници загинале, а 14 се ранети во некои од најжестоките борби на истокот на државата во последните неколку недели. 

Офанзивата од проруските сепаратисти се интензивира во близина на нивните упоришта Доњецк, Луганск и северно од пристаништниот град Мариупол, кој е под владина контрола. Тие ги обвинуваат сепаратистите за користење на ракетните лансери Град. Села и населби се без струја и гас. 

Најновите судири доаѓаат во пресрет на денешната средба на украинскиот претседател, Петро Порошенко и германската канцеларка, Ангела Меркел во Берлин. Тие ќе разговараат за замрениот мировен процес во земјата и за напорите на Киев за приближување до ЕУ.

Во украинскиот конфликт од април 2014 година досега загинаа повеќе од 9.750 луѓе.

Слично

Поврзани вести