Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судири во Ерусалим имало по петочната молитва и покрај договореното примирје

Судири во Ерусалим имало по петочната молитва и покрај договореното примирје

Нови немири имало во Ерусалим по петочната молитва и покрај прекинот на огнот кој го договорија Израел и Хамас. 

Судири имало меѓу Палестинците и израелските власти се случија во комплексот на џамијата „Ал-Акса“ во Ерусалим. Од израелската полиција велат дека Палестинците фрлале камења кон полицајците, па властите морале да употребат  шок-бомби и солзавец.  Палестинската Црвена полумесечина пријави 15 повредени лица во судирите меѓу Палестинците и полицијата.

По неполни 12 часа по стапувањето во сила на прекинот на огнот во конфликтот во Газа, дојде до нови улични судири меѓу Палестинците и израелските безбедносни сили во Ерусалим и на Западниот Брег. И претходно,  судири кај џамијата Ал Акса доведоа до ескалација на конфликтот меѓу Израел и исламистичкиот Хамас во Појасот Газа. Напади имаше цели 11 дена. 

Слично

Поврзани вести