Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судири со полицијата на протестите во Каталонија

Судири со полицијата на протестите во Каталонија

Десетина демонстранти се повредени во вчерашните нови големи протести во Каталонија од припадниците на движењето кое се залага за независност од Шпанија, а дел од нив се и уапсени од страна на полицијата.

Протестите избувнаа откако Врховниот суд на Шпанија донесе одлука да им се суди за побуна против државата на 13 лидери на Каталонија меѓу кои и екс премиерот Карлес Пуџдемон кој сега е во бегство и се чека на негова екстрадиција од Финска.

Уапсените каталонски лидери се сместени во затворски притвор по што се очекува да започне нивното судење за дела против државата, поради организирање на ланскиот референдум за независност кој беше оценет како незаконски. 

Слично

Поврзани вести