Судири меѓу полицијата и мигранти во Австрија
Мирниот марш ескалираше, по што органите на редот со солзавец и палки ги растераа мигрантите.
Мигрантите протестираа денеска против затворањето на границите. Дојде до немири откако група од бегалците одлучи да го пробие кордонот од полицајци фрлајќи камења по нив. Полицајците брзо реагираа растурајќи ја групата со солзавец и палки. Инцидентот се случи до граничниот премин Бренер, на австриско-италијанската граница. Во протестот учествувале околу 1.500 лица. Според неофицијални информации повредени се двајца полицајци. Пред помалку од пет дена слични немири имаше и во кампот Идомени во Грција. Тогаш групи мигранти ги блокираа железничките линии во близина на кампот, повикувајќи за отворени граници.
Слично
