СУДИР МЕЃУ НАТО И РУСИЈА Е НАЈЛОШТО СЦЕНАРИО - Британски командант: Мора да се подготвиме за тоа бидејќи Путин ја почитува само силата
„Западот треба да биде подготвен за војна, најлошото сценарио е конфликт НАТО-Русија, но неопходна е ескалација за да покажеме сериозност“, рече Сер Ричард Ширеф, поранешен заменик командант на НАТО за Европа.
Реагирајќи на изјавата на британската министерка за надворешни работи Лиз Трас дека „Русите треба целосно да бидат протерани од Украина“, тој рече дека тоа е апсолутно коректен пристап.
„Таквиот пристап треба да биде придружен со значителни ресурси. Тоа треба да се направи преку Алијансата како целина“, изјави Ширеф за Би-Би-Си.
Тој изјави и дека е свесен оти постои можност рускиот претседател Владимир Путин на таа агресија да одговори со агресија, што би довело до целосна ескалација.
„Војната со Русија е најлошото сценарио, но подготвувањето за најлошото сценарио веројатно би можело да го одврати Путин бидејќи, на крајот на краиштата, Путин ја почитува само силата“, заклучил генералот.
Претходно, британската министерка за надворешни работи Лиз Трас даде прилично остра изјава дека Русија треба целосно да биде протерана од Украина, вклучувајќи ги и териториите кои Москва во моментов цврсто ги контролира.
Извор: Курир.рс/Блиц.рс
