„НЕВЕРОЈАТНА ТРАГЕДИЈА“: Во судир на автобус и камион настрадале млади хокеари во Канада
Во несреќата на автобус кој превезувал членови на младинскиот хокејски тим Хамболт Бронкс, во кандската покраина Саскачеван, загинале 14 лица кога во тоа возило удрил камион со приколка.
Канадскиот весник „Голуб енд мејл“ наведува дека во автобусот се наоѓале хокеари на возраст од 18 до 21 година и дека во возилото имало вкупно 28 лица, вклучувајќи го и возачот.
Се наведува дека несреќата се случила синоќа во близина на Тидејл, на 300 км од покраинската престолнина Реџина, и дека неколку возила на Итната помош во болница во тој регион превезле 14 повредени, од кои тројца се во критична состојба.
Според наводите на медумот, хокеарите патувале на петтиот натпревар од плеј оф серијата против екипата на Нипавин.
Тимот Хамболт објавил соопштение во кое судирот е опишан како „неверојатна трагедија“.
