Економија, финансии, бизнис

Контакт

СУДИЈАТА НИКОЛС ДОНЕСЕ ОДЛУКА – ДЕФИНИТИВНО СЕ РАСПУШТА УСАИД: Ќе заштеди ли администрацијата на Трамп милијарди долари?

СУДИЈАТА НИКОЛС ДОНЕСЕ ОДЛУКА – ДЕФИНИТИВНО СЕ РАСПУШТА УСАИД: Ќе заштеди ли администрацијата на Трамп милијарди долари?

УСАИД дефинитивно се распушта. Федералниот судија Карл Николс вчера донесе одлука со која ѝ овозможи на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, да го спроведе планот за затворање на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).

Со оваа одлука започнува процесот на повлекување на неколку илјади вработени во агенцијата, како од САД, така и од странство. Николс го одби барањето тие привремено да останат на функција, што значи дека во наредните 30 дена тие ќе треба да се вратат дома на трошок на американската влада.

Ова следуваше по тужбата поднесена од синдикатите во име на вработените, кои предупредуваат дека дел од нив, особено оние во нестабилни региони како Конго, би можеле да останат заглавени без соодветна поддршка. Тужбата го оспорува и уставниот легитимитет на распуштањето на агенцијата, наведувајќи дека за тоа е неопходно одобрение од Конгресот.

Сепак, судијата Николс пресуди дека спорот треба да се решава согласно федералните закони за вработување, а не на окружно ниво.

Распуштањето на УСАИД е дел од пошироката реформа на јавниот сектор што ја спроведува мултимилијардерот Илон Маск, по налог на претседателот Трамп. Според нив, затворањето на агенцијата ќе заштеди милијарди долари од федералниот буџет.


Слично

Поврзани вести