Економија, финансии, бизнис

Контакт

СУДЕН ДЕН: Скандалозна игра бара да праќате славни личности во рај или пекол, меѓу нив и Хитлер

СУДЕН ДЕН: Скандалозна игра бара да праќате славни личности во рај или пекол, меѓу нив и Хитлер

Игра креирана за мобилни телефони, која им овозможува на корисниците да им „судат“ на познати историски личности, предизвика сериозно незадоволство кај еврејските групи во Австралија, особено поради фактот што во неа го има и ликот на Адолф Хитлер.

Судениот ден: Божјиот ангел - рај или пекол? (Ден на пресудата: Ангел Божји - Судија и правило: Рај или пекол?) Играта нуди вакви опции и може слободно да се преземе од он лајн продавниците на Гугл и Епл. Според податоците веќе е симната повеќе од милион пати.

На играчите им е дозволено да одлучуваат за судбината на разни историски личности, избирајќи дали ќе ги испратат во рајот или пеколот, врз основа на тоа што го правеле за време на нивниот живот, пишува Дејли Меил Австралија.

Еден од ликовите на кој ќе му се суди е поранешниот нацистички германски лидер Адолф Хитлер, кој е прикажан во играта како стои пред ќелијата полна со затвореници и ги информира корисниците дека „убил милиони луѓе во концентрациони логори“.

Во втората сцена е прикажан Хитлер како се вози на тенк, со информација дека тој го доведе светот во војна во која загинаа 60 милиони луѓе. 

„Злоупотребата на холокаустот не може да биде повулгарна“, објави Спутник

Се бара Гугл и Епл „веднаш да ја повлечат играта од нивната платформа и да се извинат“.


Слично

Поврзани вести