Судбината на Кипар ќе се решава денеска во Брисел
Преговорите околу спасувачкиот пакет за Кипар ќе продолжат денеска во Брисел и се наоѓаат во многу деликатна фаза, се наведува во соопштението на кипарската влада.
Во соопштението стои дека состојбата е многу тешка, поради што претседателот Никос Анастасиадис денеска ќесе сретне со европските претставници и ќе учествува во средбата на Еврогрупата.
Синоќа кипарските медиуми објавија дека Кипар и меѓународната кредиторска тројка постигнале договор за еднократно оданочување на депозитите во кипарските банки во вредност од над 100 илјади евра. Според договорот депозитите во водечката кипарска банка „Банк од Кипар“ треба да се даночат со 20 процентен данок, а депозитите во останатите банки на Кипат со 4%.
Кипар ја прифати обврската да собере 5,8 милијарди евра, ако помош од 10 милијарди евра од ЕУ и ММФ.
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле повторно го предупреди Кипар дека неговото останување во еврозоната зависи од спасувачкиот план, што Никозија треба да го постигне со Меѓународната тројка, пренесува весникот „Велт“.
Шојбле нагласи дека едно од барањата на Кипар е депозитите под 100.000 евра да не подлежат на оданочување. Тој изрази уверување дека сака Кипар да остане во еврозоната, но нагласи дека носи одговорност за стабилноста на еврото, а според него, лошо решение за Кипар ќе направи и лоша услуга и за еврото.
Слично
