Економија, финансии, бизнис

Контакт

Судбината на „BlackBerry“ во рацете на Цукерберг?

Судбината на „BlackBerry“ во рацете на Цукерберг?
Марк Цукерберг крои план да ја преземе компанијата„BlackBerry“ . Според „Волстрит Журнал“, директорите на „Facebook“ овие денови во Калифорнија биле домаќини на преставниците на канадскиот гигант и разговарале за можното превземање. Компанијата „BlackBerry“подолго време бара купувач кој е подготвен да ја превземе, иако бележи големи загуби иако  новиот ОС и новата линија на телефони, брзо „пукнаа“ под притисок на конкуренцијата. „Волстрит Журнал“ вели дека не е познато ни колку „Facebook“ напреднал во своите размислувања, но ја истакнуваат желбата на Цукерберг, „Facebook“ да се најде на што е можно повеќе телефони. „The Verge“ потсетува дека Канаѓаните се надеваат дека до крајот на ноември ќе знаат каква ќе биде судбината на компанијата и се шпекулира дека за неа се заинтересирани „Samsung“, „Google“, па дури и „Apple“.
Слично

Поврзани вести