Економија, финансии, бизнис

Контакт

СУДАНСКИ ВОЕН АВИОН СЕ УРНА ВРЗ КУЌИ - најмалку 46 загинати (ВИДЕО)

СУДАНСКИ ВОЕН АВИОН СЕ УРНА ВРЗ КУЌИ - најмалку 46 загинати (ВИДЕО)

Најмалку 46 лица загинаа, а 10 се повредени при урнување на судански воен авион во населено место во близина на Картум, соопшти Министерството за здравство.

Несреќата се случила во градот Омдурман. Операцијата за потрага по жртвите е завршена, се вели во соопштението.

На повредените, меѓу кои и деца, им била укажана помош во блиската болница.


Војската во соопштението соопшти дека авионот се урнал при полетување од воздухопловната база Вади Саидна северно од Омдурман, кој е збратимен град на главниот град Картум.

Во несреќата оштетени се и голем број куќи во областа Карари во Омдурман, соопшти канцеларијата за медиуми, пренесува AP. 

Војската претходно соопшти дека во несреќата загинале персонал од вооружените сили и цивили, но не даде бројки. Не е наведено што ја предизвикало несреќата. Министерството за здравство соопшти дека некои тела биле префрлени во болницата Нау во Омдурман.

Локалните медиуми објавија дека авионот бил на пат кон градот Порт Судан на Црвеното Море, седиштето на владата поддржана од војската, кога се урнал над населбата Ал-Таура во областа Карари. Жителите пријавија силни експлозии од несреќата, кои исфрлија дебели облаци од чад и прашина над Омдурман.

Авионските несреќи се вообичаени во Судан, најмногу поради лошата безбедност во воздухопловството во земјата. Во 2020 година, најмалку 16 лица загинаа кога воен авион, руски Антонов Ан-12, се урна во западниот регион на Дарфур.

Во 2003 година, цивилен авион на Судан ервејс се урна во рид додека се обидуваше да изврши принудно слетување, при што загинаа 116 луѓе, меѓу кои и осум странци. Само едно момче ја преживеало несреќата.

Фото: Принтскрин/Јутуб

Слично

Поврзани вести