Економија, финансии, бизнис

Контакт

Субрата Рој повторно размислува каков предлог да му достави на судот

Субрата Рој повторно размислува каков предлог да му достави на судот
Индиската групација „Сахара“ сеуште не се огласила со официјален коментар по одлуката на Врховниот суд да го одбие барањето за ослободување со кауција на нејзиниот сопственик, индискиот бизнисмен Субрата Рој. Сепак, адвокатите на Рој најавуваат дека е можно многу скоро да достават нов предлог за исплата на кауцијата до судот, иако немаат конкретен рок кога тоа би можело да се случи. Врховниот суд на Индија денеска го одби барањето на Рој за ослободување со исплата на кауцијата од 1,7 милијарди американски долари на неколку рати. Со остар речник, судиите му порачаа на бизнисменот да „не си игра пресметани умствени игри“ и да не се жали дека неговото задржување њ неуставно. Рој е во затворот Тихар во Делхи од 4-ти март, иако против него не е покренато обвинение затоа што претходно бизнисменот неколкупати го игнорираше судот и неговите одлуки. Судиите сега имаат намера да го држат во затвор додека не понуди адекватно решение за исплата на ситните инвеститори во неговата компанија, на кои се верува дека им должи околу четири милијарди долари.
Слично

Поврзани вести