Субрата Рој понуди нов предлог за исплата на оштетените граѓани – ќе излезе ли од затвор?
Индискиот бизнисмен Субрата Рој денеска понуди нов предлог за исплата на побарувањата на оштетените инвеститори, во обид да излезе од затвор. Сепак, и овој нов предлог не предвидува итна исплата на над 4 милијарди долари, колку што се верува дека тој им должи на ситните инвеститори.
Наместо тоа, Рој предлага еден помал дел од сумата да исплати во рок од три дена, потоа да исплати три рати од по околу 580 милиони долари и на крај остатокот од 1,2 милијарди долари да го плати до 31 март 2015 година.
Во меѓувреме, тој бара да бидат одмрзнати сметките на неговите фирми за да можат да работат и да обезбедат пари за исплата.
Судиите не се произнесоа по ваквиот предлог, туку побараа од Рој да го достави на писмено за да го разгледаат. И претходно индискиот бизнисмен предложи исплата на побарувањата кон него на рати, но судот тогаш ваквото барање го одби. Рој веќе речиси три недели е во затворот Тихар, каде што судот го држи додека не предложи соодветено решение за исплата на инвеститорите.
Слично
