Субрата Рој побарал да биде во куќен притвор за да може да го продава имотот на „Сахара“
Индискиот бизнисмен Субрата Рој побара од Врховниот суд да го премести во куќен притвор наместо во затворот Тихар, но ваквото барање вчера пак му беше одбиено.
Адвокатите на Рој официјално се обратиле до судот со барање Рој да биде во куќен притвор за да може да преговара за заинтересирани меѓународни купувачи, кои сакале да купат дел од имотот на „Сахара Групацијата“. Според адвокатите ова е единствениот начин на кој Рој може да ги обезбеди парите што судот ги бара од него како надомест на оштетените инвеститори и гаранција за да биде пуштен на слобода.
„Заинтересиран меѓународен купувач е веќе пронајден, но кој би дошол да преговара во Тихар?“, рекол адвокатот на Рој, аргументирајќи дека условите и преполнетоста на индискиот затвор Тихар го прават ова место апсолутно невозможно за посета на моќни луѓе од целиот свет.
Американските медиуми веќе објавија дека еден од првите имоти на индискиот бизнисмен кој би можел да се најде на продажба е луксузниот хотел „Плаза“ во Њујорк.
Сепак, судот повторно одлучи да го одбие ваквиот предлог и реши Рој да го задржи во затвор. Судот одбил и два други предлога на одрбаната на Рој, кои вклучувале индискиот бизнисмен да добива домашно зготвена храна и да има можност за повеќе телефонски повици.
Слично
