Економија, финансии, бизнис

Контакт

Субрата Рој останува во затвор, врховните судии му го одложија рочиштето!

Субрата Рој останува во затвор, врховните судии му го одложија рочиштето!
Индискиот бизнисмен Субрата Рој останува во затвор на неодредено време, откако Врховниот суд одлучи да го одложи рочиштето за неговиот случај, кое беше закажано за утре. Според судиите, рочиштето се одлага затоа што Рој немал конкретен предлог за обесштетување на инвеститорите да им достави на судиите. Ваквата одлука може да го продолжи престојот на Рој во озлогласениот индиски затвор Тихар на неодредено време, односно се додека тој самиот не побара да презентира решение за обесштетување. Претходниот предлог на Рој да исплати помала сума за инвеститорите и да обезбеди банкарски гаранции оти остатокот ќе го плати до средината на 2015 година судиите го оценија како „понижувачки“. Согласно обвинението, тој на ситните инвеститори во неговата компанија им должи околу 4 милијарди долари. Во меѓувреме и братот на Субрата Рој се обратил до судот со барање да го ослободи бизнисменот, а како причина за тоа ја навел влошената здравствена состојба на нивната мајка, изговор кој сопственикот на „Сахара“ го користеше подолго време за да го избегнува судот.  
Слично

Поврзани вести