Економија, финансии, бизнис

Контакт

Субрата Рој останува во затвор – Врховниот суд го отфрли неговото барање

Субрата Рој останува во затвор – Врховниот суд го отфрли неговото барање
Врховниот суд на Индија не одобри ослободување со кауција на индискиот бизнисмен Субрата Рој кој е во затвор од 4-ти март. Судскиот совет го одби барањето на Рој за ослободување, кое содржеше предлог за исплата на бараната кауција на три рати. Првиот човек на групацијата Сахара предлагаше во рок од три дена да уплати околу 415 милиони долари, а уште 2.500 крори (415 милиони долари), како и банкарска гаранција за преостанатите 5.000 крори (околу 830 милиони долари) да достави во следните 60 дена. Судиите сепак го отфрлија ваквиот предлог и побараа од Рој да достави нов план за исплата на кауцијата. Индискиот бизнисмен, кој има намера да инвестира и во Македонија, веќе два месеца е во озлогласениот индиски затвор Тихар, во кој условите се оценуваат како исклучително лоши. Адвокатите на Рој минатата недела побараа од Врховниот суд порано да ја донесе пресудата затоа што во затворот станувало исклучително жешко и Рој веќе не можел да издржи. Освен ова, тој бара ослободување за да може да се среќава со потенцијални купувачи за дел од неговиот имот, за да обезбеди пари за исплата на долгот кон ситните инвеститори.
Слично

Поврзани вести