Економија, финансии, бизнис

Контакт

Субрата Рој останува во затвор, нема пари за кауција

Субрата Рој останува во затвор, нема пари за кауција
Групацијата „Сахара“ на индискиот бизнисмен Субрата Рој денеска ја одбила понудата да депонира 10.000 крори или околу 2 милијарди долари како гаранција за да му биде одобрена кауција на првиот човек на компанијата. Ова практично значи дека Рој ќе остане во затвор најмалку до 3 април, за кога е закажано следното рочиште против него и кога од него ќе биде побаран нов предлог за исплата на оштетените инвеститори. Врховниот суд на Индија вчера побара од Рој да понуди гаранција од 10.000 крори за да излезе со кауција од затвор, од кои половина во готово да му ги исплати на финансискиот регулатор СЕБИ, а другата половина да ги понуди во форма на банкарски гаранции. Адвокатот на индискиот бизнисмен и на неговата групација „Сахара“ денеска ја одбил понудата со образложение дека нема толку пари. Рој предлагаше парите за ситните инвеститори да ги исплати во неколку рати, најдоцна до 31 март 2015 година, но судот го одби ваквиот предлог. За потсетување, Субрата Рој најавуваше инвестиции во туризмот и земјоделството во Македонија во вкупна вредност од околу 3 милијарди евра.
Слично

Поврзани вести