Субрата Рој не успеа да ги продаде хотелите – вратен во затворска ќелија!
Индискиот бизнисмен Субрата Рој ги загуби привилегиите кои ги уживаше во затворот Тихар додека преговараше продажба на неговите највредни хотели.
Од вчера, наместо во затворската канцеларија со сите услови потребни за склучување бизнис зделки, Рој повтоно е во неговата затворска ќелија. Продажбата на хотелите трите лускузни хотели,меѓу кои и њујоршкиот „Плаза“ и лондонскиот „Гросвенор Хаус“, е неизвесна.
За време на периодот одреден за преговори, Рој беше сместен во посебни простории во затворот, со можност да користи интернет, телефон и видео конференциска врска.
Но, рокот одреден од судот истече и затворските службеници го вратиле во ќелија, иако бизнисменот барал продолжување. Од продажбата на хотелите Рој треба да собере околу 1,6 милијарди долари со цел да ги обезбеди парите потребни за да ја плати одредената кауција.
Како најсериозен кандидат на луксузните имоти се навестуваше султанот од Брунеи, но зделката пропадна и тој демантираше дека е подготвен да ги купи хотелите на Рој.
Слично
