Економија, финансии, бизнис

Контакт

Субрата Рој излегува од затвор – Врховниот суд го усвои неговиот последен предлог!

Субрата Рој излегува од затвор – Врховниот суд го усвои неговиот последен предлог!
Врховниот суд на Индија го усвои последниот предлог на индискиот бизнисмен Субрата Рој за начинот на исплата на кауцијата потребна за тој да излезе од затворот Тихар. На денешното рочиште, судиите прифатиле побараната кауција 10.000 крори (1,7 милијарди американски долари) да се исплати на три рати. Првата исплата од 2.500 крори (околу 415 милиони долари) Рој е подготвен да ја даде во рок од три работни дена, а уште 2.500 крори, како и банкарска гаранција за преостанатите 5.000 крори (околу 830 милиони долари) во следните 60 дена. Предуслов за овој предлог е итно ослободување на Рој од притвор и одмрзнување на имотот на неговите компании. Заедно со овој предлог групацијата „Сахара“ доставила и листа на имоти на Рој кои можат веднаш да се продадат за да се обезбедат потребните пари. Милиони мали инвеститори сега очекуваат да видат што ќе се случи со нивните пари, со оглед на тоа што Рој им должи околу четири милијарди американски долари. Според аналитичарите, случајот може да постави нови контури на одговорноста на корпоративното управување во Индија.    
Слично

Поврзани вести