Економија, финансии, бизнис

Контакт

Субрата Рој излегува од затвор со кауција!

Субрата Рој излегува од затвор со кауција!
Врховниот суд во Индија денеска одобри индискиот бизнисмен Субрата Рој, првиот човек на групацијата „Сахара“, да излезе од затвор со кауција, но само откако ќе исполни определени услови. Рој ќе треба да исплати 50 милијарди рупии (околу 830 милиони американски долари) на индиското регулаторно тело СЕБИ и да обезбеди банкарски гаранции за уште исто толку пари. Адвокатите на Рој до утре ќе треба да се изјаснат дали го прифаќаат ваквиот предлог. Индискиот бизнисмен вчера понуди нов предлог до судот за обесштетување на милиони ситни инвеститори од кои земал пари. Тој предложи еден помал дел од сумата да исплати во рок од три дена, потоа да исплати три рати од по околу 580 милиони долари и на крај остатокот од 1,2 милијарди долари да го плати до 31 март 2015 година. Во меѓувреме, бара да бидат одмрзнати сметките на неговите фирми за да можат да работат и да обезбедат пари за исплата.
Слично

Поврзани вести