Економија, финансии, бизнис

Контакт

Субрата Рој го стресе нов скандал – не плаќал данок за вработените, а се фалел дека има 1 милион работници

Субрата Рој го стресе нов скандал – не плаќал данок за вработените, а се фалел дека има 1 милион работници
Групацијата „Сахара“ на индијскиот милијардер Субрата Рој кој пред десетина дена престојуваше во Македонија, ја тресе нов скандал. Имено, Фондот за штедливост, побара од претставниците на фондот во Утар Прадеш да спроведат брза акција за наводните пропусти на „Сахара“, која тврдеше дека има околу една милион вработени за брза маркетинг операција во декември минатата година, пишува „Економик тајмс“, јави порталот Нова. Овој потег доаѓа неколку дена откако Врховниот суд побара од две компании на групацијата „Сахара“ да дадат 3,7 милиони долари банкарска гаранција. Инаку, судот за ваквата одлука разгледувал петиција од СЕБИ против „Сахара“. Висок претставник на Фондот за штедење, за „Економик тајмс“ изјавил дек многу веројатно е оти фирмите од „Сахара“ ја избегнале даночната одговорност за вработените, ако фирмата тврди дека навистина има еден милион вработени за брза маркетинг операција. Од „Сахара“ пристигнал демант за ваквите обвинувања. - Ваквата практика е надвор од какво било очигледно кршење на некој закон, правило, или пропис на Фондот, од страна на „Сахара“. Сите инспекции од октомври 2012 година, ги задоволија службените лица од Фондот, без никакви приговори - изјави портпаролот на групацијата. Анонимен извор за „Економик тајмс“ изјавил дека властите понекогаш се плашат да дејствуваат против моќниците. - Упатена е јасна порака до властите да дејствуваат против сите кои работат нерегуларно, без разлика кои и да се. Сахара групацијата и нејзините компании, не се исклучок од тоа правило - изјавил тој. На 1 декември минатата година, Сахара групацијата објави дека располага со работна сила од околу еден милион платени работници „кои го заработуваат лебот за нивните фамилии“.
Слично

Поврзани вести