Економија, финансии, бизнис

Контакт

Субрата Рој ги продаде хотелите во Лондон и Њујорк

Субрата Рој ги продаде хотелите во Лондон и Њујорк
Индискиот бизнисмен Субрата Рој успеа да го продаде њујоршкиот хотел Плаза и лондонскиот Гросвенор Хаус, како и уште еден луксузен хотел од својот имот, со цел да обезбеди пари за кауција за да излезе од затвор. Продажбата на луксузните хотели се преговарала практично од затвор, каде што на индискиот бизнисмен му беа овозможени посебни услови за да ја склучи зделката. Според првичните информации, купувачот е странец, а веќе се шпекулира дека хотелите ги купил султанот од Брунеи, кој подолго време го „меркал“ овој имот. Постигнатата цена била повисока од проценетата вредност на сите објекти, што значи дека Рој веројатно ќе обезбеди доволно пари за да излезе на слобода. Судот денеска му одобри дополнителни 15 дена во специјалната „затворска канцеларија“, каде што имаше компјутери, интернет и телефон, за да ја финализира зделката. Продолжениот рок се однесува на 15 работни дена и е последниот што ќе го добие Рој за склучување на зделката. Истовремено, тој успеал од странска банка да обезбеди гаранција во износ од околу 820 милиони американски долари. За да излезе на слобода, судот од него бара кауција во висина од 1,6 милијарди долари.  
Слично

Поврзани вести