Субрата Рој доби канцеларија во затвор – за 10 дена треба да ги продаде највредните хотели!
Во посебно опремена просторија во затворскиот комплекс Тихар во Њу Делхи, индискиот тајкун Субрата Рој вчера ги започна преговорите за продажба на некои од највредните и најпознати недвижности во негова сопственост.
Станува збор за луксузните хотелски комплекси кои ги вклучуваат „Плаза“ во Њујорк и „Гросвенор Хаус“ во Лондон.
Продажбата се случува за Рој да ги обезбеди потребните над 1,6 милијарди долари кауција за да излезе од затвор, каде што е задржан заради непојавување на суд во процесот на индиското регулаторно тело СЕБИ против неговата групација „Сахара“.
Во затворот Тихар, за Рој била обезбедна посебна климатизирана просторија за да ги прима заинтересираните купувачи на имотот. Во неа ќе остане десет работни дена, колку што ќе траат преговорите. Како олеснување за да може да ја склучи вредната зделка, на Рој во затворот му биле обезбедени два десктоп компјутери, два лаптопи, безжиен интернет, два мобилни телефони и видео конференциска врска.
„Конференциската сала на генералниот директор на затворот беше преуредена за да ги исполни барањата на Врховниот суд и да му ги обезбеди на Субрата Рој потребните услови за преовори3, вели Сушил Гупта, портпарол на затворот Тихар.
Во овие простории ќе остане индискиот бизнисмен додека траат преговорите, а притоа ќе му помогнат двајца директори од неговата групација, кои беа затворени заедно со него. За разлика од ќелијата во која престојуваше последните месеци, на Рој во неговата привремена „затворска канцеларија“ ќе му биде послужувана храна, а ќе може да користи и засебен тоалет.
Сепак, преговорите од затвор го поставуваат овј бизнисмен во неповолна позиција во преговорите за продажба на вредниот имот, бидејќи потенцијалните инвеститори знаат дека тој е принуден да продава. Интерес за купување на луксузните хотелски комплекси наводно пројавиле многу светски милијардери, како султанот од Брунеи, кралското семејство од Катар и индискиот тајкун Сајрус Пунавала.
Слично
