Економија, финансии, бизнис

Контакт

Субрата Рој бара нови судии да го разгледаат неговиот случај

Субрата Рој бара нови судии да го разгледаат неговиот случај
Индискиот бизнисмен Субрата Рој и уште двајца директори од неговата „Сахара“ групација, кои се обвинети заедно со него, попладнево побараа други судии од индискиот Врховен суд да го разгледаат нивниот случај и поднесената молба за кауција. Според адвокатите на Рој, судиите кои досега го водат случајот носат неуставни одлуки и се однесуваат пристрасно, па тие бараат нивно изземање. Инаку, индискиот бизнисмен денеска го одби последниот предлог на судиите за исплата на ситните инвеститори. За да излезе од затворот Тихар со кауција, судот бараше Рој да уплати 10.000 крори, или околу 2 милијарди долари. Половината од тие пари во готово да му ги уплати на финансискиот регулатор СЕБИ, а на другата половина да се обврзе со банкарски гаранции. Сепак, според адвокатите на „Сахара“, ваквото барање е невозможно да се исполни затоа што не можат одеднаш да се обезбедат толку пари. Ситните инвеститори од Рој преку судот бараат вкупно 20.000 крори или 4 милијарди долари.
Слично

Поврзани вести