Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТУДОТ ЗЕМА ЖРТВИ: Најмалку 20 починати во Европа!

СТУДОТ ЗЕМА ЖРТВИ: Најмалку 20 починати во Европа!

Студениот бран во цела Европа зеде најмалку 20 жртви во последните 48 часа. Меѓу нив се бездомници, мигранти и други граѓани. Се очекува ниски температури да се задржат барем до средината на следната недела .

Десет од жртвите се од Полска, со што жртвите на студот од почетокот на ноември таму станаа 53. Истанбул е блокиран од обилни снежни врнежи, виулица има и во централниот дел на Италија.

Минатата ноќ температурите паднаа до минус 30 степени во Москва и минус 24 во Санкт Петербург, каде што полицијата пронајде човек починал од хипотермија . Во Бугарија беа пронајдени телата на двајца премрзнати ирачки мигранти, во близина на границата со Турција. Телата на двајцата илегални мигранти, жртви на ниските температури во изминатите денови, беа откриени на 5 јануари.

Смртен случаи има и во Грција. Најниска досега температура за оваа зима во Западна Европа била измерена во швајцарското село Ла Бревин - минус 29.9 степени.

Слично

Поврзани вести