Студија: Се намалува бројот на новинари
Според резултатите од најновото истражување на Институтот Пју, бројот на новинари, кои работат во американските весници е намален за 45 отсто од 2008 година и нема индикации дека таквиот тренд же забави.
Студијата е заснована на податоци објавени од американското Министерство за труд, според кои во 2008 година во американските весници работеле 71.000 новинари, додека на крајот од 2007 година нивниот број се намалил до 39.000. За десет години била укинати 39.000 работни места на новинарите.
За 27 отсто се намалени и новинарите кои работат во радио, додека пак во истиот период, бројот на новинари вработени во телевизиите останал ист - 28.000.
Статистички во период од 2008 до 2017 година вкупниот број на новинари во САД се намалил за 23 отсто, а раст на новинари има само на порталите од 7. 000 на 13. 000.
