Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТУДИЈА ПОКАЖА: Короната влијае на нервниот систем

СТУДИЈА ПОКАЖА: Короната влијае на нервниот систем

Една третина од заразените со коронавирус се соочуваат со невролошки проблеми. 

Oва го тврдат кинеските научници. 

Тврдењето го темелат на студија. 

Вирусот не само што води до треска, кашлица и проблеми со дишењето туку и невролошки проблеми, главоболка и вртоглавица.

Третина од 214 пациенти кои ги испитале покажале знаци на влијание на вирусот врз нервниот систем.

Студијата е спроведена од кинески научници за пациенти во Вухан, потеклото на пандемијата, а резултатите се објавени во магазинот JAMA Neurology.

Претходно, кинески научник предвиде дека не само летото, туку и зимата може да седиме дома поради коронавирусот.

Тој смета дека пандемијата ќе трае подолго. 

Слично

Поврзани вести