Економија, финансии, бизнис

Контакт

СТУДЕНТОТ ОД ПРАГА КОЈ ИЗВРШИ КРВАВ ПОХОД ОСТАВИЛ ПРОШТАЛНО ПИСМО: Во него признава и друго злосторство

СТУДЕНТОТ ОД ПРАГА КОЈ ИЗВРШИ КРВАВ ПОХОД ОСТАВИЛ ПРОШТАЛНО ПИСМО: Во него признава и друго злосторство

Момчето кое неодамна изврши крвав поход во Прага, оставило проштално писмо. Во прошталното писмо, напаѓачот ги признал и двете претходни убиства. 

Студентот на Филозофскиот факултет кој на 21 декември со пушка уби 14 студенти и предавачи и рани 25 луѓе, а потоа се застрела себеси, во проштално писмо признал дека убил млад татко и неговото двомесечно бебе една недела претходно додека шетале во шумата на периферијата на градот. 

„Во текот на истрагата, во селото Хостуњ е пронајдено проштално писмо во кое убиецот го признава убиството во шумата во областа Клановице. Засега не можеме да кажеме што точно стои во писмото, бидејќи истрагата е во тек и проверуваме серија настани и сослушуваме други луѓе“, изјави тој за дневниот весник „Новинка“, портпаролот на полицијата Јан Дањек.

Дека Дејвид К., 24-годишен студент е виновен и за необјаснето убиство на 32-годишен Чех и неговото бебе во Клановице на периферијата на Прага, претходно се потврди и со балистички вештачења на оружјето со кое пукаше на факултет и пиштолот што потоа го пронајде полицијата.

Полицијата истовремено има полни раце работа со потрагата по лица кои на социјалните мрежи се закануваат дека ќе го повторат делото на убиецот. 

Слично

Поврзани вести